Бали е едно од најпознатите туристички летувалишта во светот, а луѓето просто уживаат и во самите фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости таму. Сепак, некои посетители ја откриваат и онаа, „другата“ страна на овој „рај на земјата“.

Меѓу првите „маани“ е сезоната на дождови. Како изгледа Бали тогаш, посочи „тиктокерката“ по име Викторија Гулбурн. Таа во својата видеообјава ги покажува „двете лица“ на Бали. Од едната страна е идиличното сместување со лежалки, а веднаш до него – калливата земја по лошото невреме.

Бројни корисници ја коментираа нејзината објава, посочувајќи дека Викторија, за жал, дошла во погрешно време од годината.

А, еве како изгледа едно од местата со неверојатен поглед за време на дожд.

Корисниците истакнуваат дека, и покрај овие критики, Бали е обично место на Земјата, „како и сите други“… Па, се истакнува и дека при планирањето на патувањето на овој остров во Индонезија, неопходно е, како и обично, да се истражат соодветните места за престој.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2022 12:08