Пирс Броснан (69) го објави раѓањето на неговото четврто внуче, на Инстаграм вчера. Момчето Џексон Илајџа Броснан е родено на 12 ноември, од синот на Пирс, Шон и сопругата Сања Баниќ, која инаку, е по потекло од Хрватска.

„Сите убави благослови за тебе, мојот најмил внук, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Ви посакувам мир“, напиша Броснан покрај две слики на Џексон одблиску.

Двојката се родители и на седумгодишната Марли Меј. Броснан има и двајца постари внуци – Изабела и Лукас, од неговата покојна ќерка Шарлот, која почина од рак на јајниците во 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2022 13:22