Кристина Ричи проговори за бурното минато, за тоа како мајчинството ѝ помогнало да излезе од нихилистичката криза, како и зошто го избегнувала вниманието на таблоидите за нејзиниот изглед додека растела од детска ѕвезда во девојка и жена.

– Не уживав во тоа. Никогаш не носев облека за да привлечам сексуално внимание, бидејќи отсекогаш сум го чувствувала тоа на прилично заканувачки начин, вели за „Сандеј тајмс стајл“ глумицата, која веќе навлезе во петтото деселетие од својот живот.

Гледајќи наназад, Ричи го гледа периодот на тоа созревање како „реакција“ на нејзиното „хаотично“ воспитување и „хаотичен дом“. Иако најмлада од четирите деца, рано научила како да ја користи својата умствена зрелост во своја полза.

– Мојата способност да бидам „неодолива“ може „да ги распрсне“ работите или да го одвлече вниманието на луѓето, изјави таа.

Тоа ѝ помогнало да напредува во кариерата, но со текот на годините станувало и сѐ „поисцрпувачко“.

– Едноставно не чувствував грижа и страст. Донесов многу важни одлуки целосно бестрасно, што подоцна стана проблем. Затоа, им се обраќам на сите – не донесувајте важни животни одлуки кога минувате низ нихилизам, забележува таа.

Раѓањето на нејзиниот син Фреди пред осум години променило сè.

– Раѓањето на мојот син навистина го скрши мојот нихилизам и тоа беше прилично изненадувачка промена… Не сфатив дека тоа е „сѐ или ништо“, додаде таа.

Таткото на Фреди е првиот сопруг на Ричи, Џејмс Хердеген, кого таа го обвини за физичка и емоционална злоупотреба, па побара и забрана за приближување минатата година.

– Па, не можам да зборувам во името на сите, но мене ми требаше долго време да си признаам што се случува. Порекнувањето е многу силно. Се разбира, не сакате да прифатите дека се случува најлошото можно нешто и се ставате себеси во таа состојба. Така што ми требаше навистина долго време да го сфатам тоа, нагласи Ричи.

Таа доби ќерка со вториот свој сопруг Марк Хемптон минатиот декември.

Кристина Ричи деновиве е актуелна со ТВ-серијата на Нетфликс – „Среда“, но не го толкува истоимениот насловен лик од филмот „Семејството Адамс“ што ја прослави пред околу 30 години. Овојпат како Среда се појавува младата и надежна Џена Ортега, а Ричи ја глуми Мерилин Торнхил.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 13:24