Откако противпожарно возило удри во авион во Перу, токму при полетувањето, двојка патници реши веднаш да направи самослик, славејќи си го животот…

Несреќата се случила во петокот на Меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во Лима, главниот град на Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на самото место загинале двајца пожарникари.

Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљоси, ја сподели сликата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а објавата набргу стана интернет-хит, како и луѓето на кои очигледно им е мило што се меѓу преживеаните.

Патниците и членовите на авионскиот екипаж не се повредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2022 14:02