Владата на Република Македонија денеска во 12:00 часот ќе ја одржи 104-тата седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, информира владината прес-служба.
Согласно предложениот дневен ред, ќе бидат разгледани повеќе информации од министерствата и извештаи за работа на органите на управата.
-На предлог на Министерството за финансии, министрите ќе ја разгледуваат Информацијата во врска со воспоставување на систем за контрола и следење на тутунски производи Track&Trace. Исто така, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи ќе го разгледува Предлогот на закон за ратификација на договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан, се вели во соопштението.
За заклучоците и одлуките од владината седница, од владината прес-служба ќе информира веднаш по нејзиното завршување.