Да се промени начинот за добивање годишни слободни билети за превоз на лицата со оштетен вид, побара денеска Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме”. Барањето било испратено и до Град Скопје.

На прес-конференцијата по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Алишан потсети и на нивните барања од триесет и пет проценти покачување на додатокот за попреченост, посебниот детски додаток и додатокот за попреченост на возрасни, согласно на просечната плата и континуирано зголемување како што расте платата.

Тој посочи дека попреченоста не препознава партија, вера или нација и дека луѓето што ја имаат, секојдневно се соочуваат со неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 17:34