Јавното претпријатие „Улици и патишта“ извесува дека утре, од 8.00 часот, негови екипи ќе продолжат со активностите за реконструкција на коловозната површина на улицата „Даме Груев“ и машински ќе го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица „Македонија“ до улицата „11 Октомври“.
-Поради изведба на градежните активности на овој потег, па се до завршувањето ќе биде затворена едната коловозна лента и обележана со соодветна сигнализација – информираат од – ЈП „Улици и патишта“.