Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Радовиш, кој упатувал закани кон неговата сопруга од Дебар и нивната ќерка.

-Кривичната пријава е поднесена против З.С.(45) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека З.С. на 7-ми минатиот месец, со СМС пораки и упатил закани на неговата поранешна сопруга од Дебар и нивната малолетна ќерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2022 05:31