Храна за добиток изгорела во пожар во село Војник, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и потврдија од противпожарната единица од Старо Нагоричане.

Пожарот избувнал ноќва во 02:15 часот.

-Брзо интервениравме и се спречи проширување на пожарот накај блиските тополите и накај добитокот, изјави Иван Трајановиќ, пожарникар од Старо Нагоричане.

Пожарот бил изгаснат во 04:30 часот, а пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 09:03