Климатски активисти денеска ги блокираа клучните сообраќајници во двата најголеми германски града, Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно започнување на нивната кампања на протести против климатските промени.

Пет членови на групата „Последна генерација“ се залепија на улицата пред централната железничка станица во Берлин, соопшти полицијата. Уште два слични протести се одржаа и на други места во центарот на градот.

Во баварскиот централен град Минхен, полицијата соопшти дека девет лица се залепиле на улица и го блокирале сообраќајот околу историскиот плоштад Карлсплац.

Тие носеле воочливи елеци и користеле плакати за да привлечат внимание на нивните барања. Тешкотиите во сообраќајот предизвикани утрово беа „умерени“, соопшти полицијата.

Групата а климатски активисти „Последна генерација“ најави дека, по седумдневна пауза, оваа недела ќе ги продолжи протестите и ќе продолжи со таргетирање на најфреквентните градски сообраќајници.

Во изминатите недели тие блокираа улици, оштетуваа уметнички дела и два часа го запреа воздушниот сообраќај на аеродромот БЕР во Берлин.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 14:13