Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на денешното продолжение на амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година одби четири амандмани кои се однесуваат на животната средина по иницијатива на невладината организација О2.

Од вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за разгледување остануваат уште 250 амандмани.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет, која трет ден расправа по амандманите на Предлог-буџетот за 2023, ќе продолжи со работа во 15 часот.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 15:09