На 04.12.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А.(24) и Р.Р.(26), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека од домот на Ш.И.(38) од Куманово одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2022 14:04