Државниот завод за ревизија ги објави извештаите од извршената ревизија на Град Скопје за 2021 година.

Како клучни утврдени состојби се наведуваат неусогласеноста на сметководствената со даночна евиденција и неажуриран регистар на недвижниот имот, неутврдена старосна структура на побарувањата по основ на даноци на имот и комунални такси и непреземени мерки за нивна навремена наплата, како и не остварување приходиа надоместоци за одржување на јавно градско зеленило и одржување на јавната чистота.

Клучни системски слабости се посочени во Законот за комунални такси кај тарифните броеви 9 и 10 комуналната такса за користење на улици и патишта и одржување јавно осветлување и слабостите во Законот за даноците на имот за усогласување на состојбата на регистарот на недвижности на општините со регистарот кој го води АКН на РСМ.

Како клучни препораки се наведени целосно ажурирање на воспоставениот регистар на недвижен имот и усогласување на сметководствената со даночна евиденција, утврдување на законската можност за наплата побарувањата по основ на даноци на имот и комунални такси и утврдување надоместоци за одржување на јавно градско зеленило и одржување на јавната чистота и нивна наплата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2022 16:42