Од ЈП „Улици и патишта“ соопштија дека поради асфалтирање на улицата „Тодор Александров“ и изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) до Турската амбасада, а во четврток на потегот од Турската амбасада до кривната кај Министерство за внатрешни работи.

– Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата, истакна аод ЈП „Улици и патишта“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2022 09:51