Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 01.50 часот во гостиварско Неготино, го лишиле од слобода Х.В.(33) од Кавадарци.
Како што појаснија денеска од МВР, тој се сомничи дека претходно на улица „143“ во Гостивар одзел патничко возило „форд ескорт“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(44) од Гостивар. Возилото било вратено на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.