Во Велес на ул.„Димко Најдов“ денеска во 12.00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Н.(30) од Велес.
Како што информираа од МВР, тој бил осуден на казна затвор од една година и два месецa за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, за „тешка кражба“. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Велес за доиздржување казна од речиси 12 месеци.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.