Денеска во 11.15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.Т.(27) од Радовиш.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.