Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.В.(53) од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на животната средина и природата“ и „узурпација“.
На 12 август 2022, пријавениот вршел рамнење на земја на парцела покриена со трска, сопственост на државата, која е прогласена за споменик на природата, под мониторинг на УНЕСКО.