На 06.12.2022 во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје, затоа што претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во населба Ќерамидница му се заканувале и го навредувале полицискиот службеник М.С., по што И.И. физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.