СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2022 05:16