На 09.12.2022 во 16.30 часот во Полициско одделение Сарај 64-годишен маж од Скопје пријавил дека на 13.08.2022 околу 11.00 часот во с.Сарај, Скопско на плац за огревни дрва со едно лице договорил купопродажба на огревни дрва кои однапред ги платил и требало да му бидат доставени следниот ден, но услугата не била извршена.

Тој во неколку наврати се обидел да стапи во контакт со лицето со кое ја договорил услугата но безуспешно, по што пријавителот сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2022 05:17