Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 54 возачи.

Од нив 45 на територија на Прилеп, 6 во Битола,2 Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 54 други прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2022 10:19