Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач.

Како што информира МВР, од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2022 09:59