Полициски службеници од СВР Тетово, вчера околу 12:30 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, го лишиле од слобода В.М.(21) од тетовско Ново Село.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел мотоцикл сопственост на Н.К.(23) од тетовско Ларце. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.