Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во просториите на општината оддржа средба со новиот Амбасадор на Унгарија во Република Македонија Андраш Клајн.
За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Средба со новиот Амбасадор на Унгарија во Република Македонија Андраш Клајн. Денес, 12.12.2022 година во просториите на општина Гази Баба имав средба со новиот амбасадор на Унгарија во Република Македонија Андраш Клајн. На средбата го запознав амбасадорот за одличната соработка која општина Гази Баба ја има со Здружението на унгарците во Македонија Теледом, како и за реализираните активности во изминатиот период. Општина Гази Баба интензивно работи на подготовка на проектна документација за изградба на македонско - унгарски парк во Триангла кој верувам дека ќе го изградиме во заедничка соработка со амбасадата на Унгарија во Република Македонија. - напиша Стефковски.