Полициски службеници од Полициската станица Карпош вчера во 17:20 часот на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, го лишиле од слобода А.Ј.(37) од Скопје.
Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека претходно заедно со уште едно женско лице, со закана се обидел да одземе пари од 61-годишна жена од Скопје, но не успеал.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.