СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Х.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, во текот на август 2022 година, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда жена од Охрид ветувајќи и дека ќе и изврши одредени градежни работи во нејзиниот дом, за што побарал и добил 60.270 денари, но работните обврски не ги реализирал.