Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 16.30 часот на улица „Мариовска“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Д.А. (48).
Од МВР информираа дека тој бил баран по централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.