Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 17.45 часот, ги привеле Е.Н.(36) и М.Н.(30), двајцата од гостиварски Градец.

Како што информираа денеска од МВР, тие се сомничат дека одзеле патничко моторно возило „лада нива“ со гостиварски ознаки, сопственост на 42-годишниот Н.Н. од село Градец. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата била задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2022 10:59