МВР информира дека вчера во 10.50 часот полициски службеници од кичевското ОВР во Кичево го лишиле од слобода кичевецот З.С. (30).
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, соопштуваат од полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.