Во рамки на вчерашната засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 143 возачи.

Како што информира денеска МВР, од нив девет возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 64 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2022 10:08