Полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност – Битола вчера околу 14 часот го лишиле од слобода 22-годишниот битолчанец В.М.(22).

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Како што информира денеска МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2022 12:16