СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на директор на средно училиште во Битола, во повеќе постапки за јавни набавки постапил спротивно од одредбите од Законот за јавни набавки околу набавка на информатичка и аудио опрема и околу промена на кровна конструкција и промена на надворешна столарија.

На тој начин тој го оштетил буџетот на училиштето за сума од 738.862 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2022 06:53