На 18.12.2022 во 02.00 часот пред угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.М.(22) од с.Идризово, скопско, Б.П.(27) од с.Јурумлери, С.П.(52) од с.Јурумлери и Г.Г.(46) од с.Идризово затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2022 05:19