На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 09:58