Средновековниот замок и земјиштето кај селото Серавале во Италија се продаваат за околу два милиона евра. Тие се наоѓаат меѓу градовите Модена и Болоња во областа Емилија Ромања на северот од земјата.

Во огласот се наведува дека имотот е вселив и бара минимално дополнително вложување. Сместено меѓу ридовите, на земјиштето има замок изграден на урнатини на претхристијански населби, дворец од 18. век, куќа со градина, четирикатен видиковец, шеталиште и парк-шума од 14.000 квадратни метри.

Имотот засега се издава за приватни настани, а содржи и мебел од ренесансен стил. Замокот е исто така под надзор на регионалните власти, кои забранија структурни промени на уредувањето. Меѓу поинтересните детали е тајниот подземен премин којшто ја поврзува кулата со дворецот.

Иако е тивка, оваа област не е целосно изолирана. Селото има околу 40 жители, црква, традиционална гостилница и музеј на виното. Селото Серавале е совршено за љубителите на природата, како и за оние кои планираат да ја пробаат готварска понуда од местото.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 10:03