Корисниците на дел од улица „Џумајска“ во Општина Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на добиени информации од ЕВН.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, корисниците ќе бидат без електрична енергија во период од 10 до 13 часот поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа.