СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјаните Л.Д.С. (61) и И.С. (34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што информира МВР, двајцата во својство на управители на правно лице од Скопје, спротивно на одредбите од Законот за даночна постапка, реално остварените дополнителни приходи од продажба во вкупен износ од 10.839.199 денари не ги прикажале, евидентирале и не платиле данок, со што го оштетиле државниот Буџет.

Кривична пријава е понесена и против правното лице, чии управители биле осомничените.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2022 05:33