Словенечката компанија „Бибај Македонија“ во соработка со Амбасадата на Словенија во Скопје денеска ќе предаде донација за детската градинка „Филизи“ во Општина Сарај.
Донацијата е составена од инвертер клими, телевизори, проектори, бебешки столчиња за хранење, дидактички играчки и работен училиштен прибор соодветен за предучилишна возраст за 160 дечиња.
Во рамките на настанот ќе се одржи и приредба на дечињата од „Филизи“ по повод новогодишните празници.