СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Е.(48) од општина Сарај – Скопје осомничен за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 став 3 од Кривичниот законик.

Како што информираа денеска од МВР, на 05.10.2022 полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина извршиле контрола на оградено место за собирање и складирање на разни видови на метален отпад и други видови отпад во село Глумово, општина Сарај.

– При тоа бил затекнат пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад, без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно член 64 од Законот за управување со отпад, се наведува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2022 15:01