Јас сум на страната на мојот народ, на праведните и чесните и законот важи за сите во Кисела Вода, подеднакво.

И тоа ќе биде така сѐ додека јас сум градоначалник!

Ако некој толерирал самоволие десеттина години - јас нема да толерирам!

И без разлика кој на која позиција се наоѓа, кој на кого е пријател, другар или роднина – никој нема право од позиција на моќ да се заканува и да узурпира државен имот и со тоа да малтретира десеттици фамилии кои се попречени да стигнат до своите домови.

Денес, долгогодишната голгота на жителите на улица ,,Банско” завршува.

Од денес се надевам дека ќе има мир, а со сигурност ќе има нова улица на местото кое досега беше узурпирано.

Кај мене нема повластени, заштитени и дискриминирани.

За мене сите се исти, бидејќи Кисела Вода е наш заеднички дом!



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2022 15:20