Во Куманово утрово во 00.30 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово.

Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека на 21.12.2022 во 22.35 часот со закана кон вработениот од спортска обложувалница на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ одзел пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2022 10:25