Градоначалникот Тимчо Муцунски во вчерашниот централен дневник на Сител Телевизија говореше за проектите во Аеродром насочени кон заштеда на електрична енергија и позелена општина, а го потенцираше фактот дека во изминатиот период не е издадена ниту една градежна маркица во урбаното јадро на општината, што претставува пракса која ќе продолжи и во иднина.

Во дел од интервјуто тој истакна дека во локалната самоуправа нема простор за политика, напротив работата на градоначалникот е да ги решава проблемите на граѓаните и да работи за развој на општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2022 15:05