Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, денеска го посетија Центарот за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни - Тимот А, а на дечињата кои го посетуваат им поделија новогодишни подароци.
Во пресрет на празниците кои следуваат, заедно со дечињата тие посакаа среќна 2023 година во која сите ќе се радуваме и ќе слушаме убави работи.
„Создавање подобро секојдневие за децата е обврска на сите, вклучително и на нас кои креираме и спроведуваме политики за најмладите. Јас како градоначалник и во иднина ќе се залагам општината да ги поддржува проектите, иницијативите и активностите кои се насочени кон правилен раст и развој на сите деца“, напиша градоначалникот Муцунски во својата фејсбук објава.
Подеднаквата грижа за сите граѓани е приоритет во нашето функционирање. Овие подароци ќе стигнат и до децата во останатите здруженија, центри и организации кои работат на територијата на Општина Аеродром. Во наредните денови, општината организира и хуманитарни настани на кои ќе се собираат средства и подароци за поддршка на ранливите категории граѓани.
Благодарност до Ватростална ДОО Скопје и детската градинка „Буба Мара“ кои ги обезбедија пакетчињата.