По повод новогодишните празници денеска и во петок во Пунктот за бездомници-Момин Поток традиционално ќе бидат означени деновите со богат ручек и хуманитарни пакети со топла облека за 170 бездомни лица кои редовно го посетуваат пунктот.

Како што соопштија од Црвениот крст на Град Скопје, пунктот за бездомници, кој функционира веќе 14-та година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и целта е да им се овозможи на овие лица да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Пунктот е финансиски поддржан од Градот Скопје, повеќе компании и граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2022 10:52