Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес во просториите на општина Гази Баба ги додели грантовите за поддршка на мали и микро фирми и стар ап фирми.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Доделени грантови за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми! Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделив грантовите за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми. Овие грантови општина Гази Баба ги доделува во рамки на своите две програми: Програма за финансиска поддршка на мали и микро фирми, занаетчии и семејно земјоделско стопанство во рамки на која се доделија 10 грантови; Програма за стар ап фирми во рамки на која се доделија 3 грантови. Општина Гази Баба е една од ретките општини во Република Македонија која овозможува директна финансиска помош на малите и микро фирми од својата територија и со тоа дава поддршка на развојот на економијата во општината. Овие две програми ќе продолжат да се реализираат и во следната буџетска година. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2022 14:51