Во пресрет на празниците Црвениот крст на град Скопје денеска ќе ги додели подароците на децата од згрижувачки семејства кои своите желби ги запишаа на лампиони закачени на „Волшебната елека на желби“ поставена во трговскиот центар „Рамстор Мол“.

-“Волшебна елка на желби” е една од активностите која од година во година станува претпознатливо обележје за нашата организација, а граѓаните ја препознаваат како интересно случување Како и секоја така и оваа година Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, JУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од Комерцијална банка ја организираа оваа активност, наведуваат од Црвениот крст.

Елката, на која децата ги зкачија лампионите со нивните желби, беше поставена во трговскиот Ramstore Mall, а хуманите граѓани, општествено одговорни компании, поддржувачи на активностите на Црвен крст на град Скопје истите ги остварија.

–Да се обидеме сите заедно да ги направиме волшебни новогодишните празници на децата сместени во згрижувачки семејства, но и да ја поддигнеме свеста на граѓаните за формата згрижување како позитивен пример во нашето општество, апелираат од Црвн крст на град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2022 09:31