Денес во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски оддржа средба со Александар Колевски кој е избран за најдобар полицаец во 2022 година.

За средбата градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук напиша:

Александар Колевски избран за најдобар полицаец за 2022 година!

Александар Колевски од полициската станица од општа надлежност Гази Баба е избран за најдобар полицаец за 2022 година.

Колевски во текот на целата година се истакнува во својата работа и истиот е избран по спроведена подтапка во рамки на полициската станица.

Александар Колевски ќе добие еднократна парична награда од општина Гази Баба. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2022 10:37