Стјуардот Томи Симато на Тикток-видео објасни што вообичаено треба да се избегнува при летање со авион. Главно се работи за нешта кои речиси никој не ги зема предвид…
– Не ни помислувајте да носите бермуди додека сте во авион. Истото важи и за прозорците на авионот, немате поим колку може да бидат валкани… Носете долги панталони бидејќи на тој начин помалку бактерии ќе Ви се налепат на кожата!, вели Томи.
Тој нагласи и дека никогаш не треба да се пушта вода во тоалетот само со раце.
– Не допирајте го копчето за вода со голи раце. Користете салфетка или парче тоалетна хартија, тоа копче е „погодна почва“ за инфекции и секој го допира со валкани раце… Не треба ниту да ја потпирате главата на прозорецот. Не заспивајте и не се потпирајте на прозорецот. Не сте први што го направиле тоа и немате поим колку луѓе го допираат со раце, истакнува стјуардот.
Тој, исто така, советува да пиете многу вода и дека не треба да се двоумите да ѝ побарате на стјуардесата сѐ што Ви треба, особено ако не се чувствувате добро.