Обичајот да се испраќаат картички за Божик започнала во 1843 година во Обединетото Кралство, од сер Хенри Кол. Тој бил цивилен службеник (работел за владата) и бил многу заинтересиран за новата „јавна пошта“, и како обичните луѓе би можеле повеќе да ја користат.

Сер Хенри дошол на идеја за новогодишни картички со неговот пријател Џон Хорстли, кој би уметник. Тие ја дизајнирале првата картичка и ја продавале по еден шилинг. (Тоа е денес околу 5 пени или 8 центи, но тогаш тоа вредело многу, многу повеќе). Картичката имала три листа. На надворешните два имало цртежи на луѓе кои се грижеле за сиромашните, а на средниот лист имало цртеж на семејство пред обилна божикна вечера! На некои луѓе не им се допаѓале картичките затоа што на неа имало дете на кое му давале чаша вино. Околу 1000 (можеби и помалку) биле отпечатени и продадени. Сега се многу ретки и чинат и по неколку илјади фунти или долари.

Првите поштенски услуги кои луѓето можеле да ги користат започнале во 1840 година, со почетокот на првата услуга „марка пени“ за достава. Пред тоа, само богатите луѓе можеле да си дозволат да испраќаат што било преку пошта. Новата Пошта можела да понуди услуга со марка од еден пени, затоа што веѓе постоела првата железница. Преку неа можело да се пренесуваат многу повеќе пратки отколку со претходниот превоз со коњи и кочии. Исто така возовите возеле побрзо. Картичките станале уште попопуларни во Велика Британија откако било овозможено да се испраќаат во отворен коверт за пола пени – половина од цената за обично писмо.

Додека се унапредувале методите за печатење, божикните картички станувале се попопуларни, и од 1860 година биле произведувани во огромни количини. До почетокот на 20-иот век, овој обичај се приширил низ цела Европа и станал посебно популарен во Германија. Првите картички вообичаено имале слика од Раѓањето во пештерата. Во доцно викторијанско доба, биле многу популарни слики со славеи (англиската птица) и слики со снег. Во тие времиња поштарите биле нарекуваи „славеи поштари“ заради црвената униформа која ја носеле. Сликите со снег биле популарни затоа што ги потсетувале луѓето на лошата зима која се случила во Велика Британија во 1936 година.

Новогодишните картички се појавиле во САД во доцните 40-ти години од 19-иот век. Но биле многу скапи и повеќето луѓе не можеле да си ги дозволат. Во 1875, печатарот Луси Пранг, кој бил роден во Германија, но работел на првите картички во Велика Британија, започнал со масовно производство на картички за повеќето луѓе да можат да си дозволат да ги купат. На првите картички на Пранг имало цвеќиња, растенија и деца. Во 1915, Џон Хол и неговите двајца браќа ги регистрирале Халмарк картички, кои до ден денес се едни од најголемите произведувачи на картички.

Помеѓу 1910 и 1920, популарни станале дома направени картички. Тие често имале невообичаен облик и на нив се ставале ленти и фолии. Тие вообичаено биле деликатни за испраќање преку пошта, па затоа биле давани на рака.

Денес, на картичките има секакви слики: вицови, зимски идили, Дедо Мраз или романтични сцени на животот во минатото. Добротворните организации често продаваат свои божикни картички во обид да соберат средства за Божик. Тие исто така заработуваат од продажбата на печати или налепници со кои се затвораат пликоата за картичките. Овој обичај започнал во Данска на почетокот на 20-иот век, од некој поштенски работник кој мислел дека е тоа добар начин добротворните организации да собираат пари, како и тоа картичките да бидат поукрасени. Тоа било голем успех: преку четири милиони биле продадени во првата година! Набргу Шведска и Норвешка го прифатиле овој обичај, а потоа тој се проширил низ цела Европа и во Америка.

whychristmas.com



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2022 05:38